Предизвикот, илузијата и победниците на Startup Weekend Skopje 2015

Startup Weekend е совршен настан за млади претприемачи. Тие влегуваат само со идеја, запознаваат луѓе со кои формираат тим, работат со искусни ментори кои ги подучуваат, и по 54 часа интензивна работа излегуваат пред жири со бизнис план и продукт. На крај се завршува со огромен аплауз и насмевки бидејќи сите вклучени знаат дека станале дел од глобалната стартап заедница која цели да биде иновативна и креативна. Со насмевски заврши и стартап викендот во Скопје кој се одржа од 8-ми до 10-ти мај.

(Сите фотографии се на Startup Weekend Skopje)

Предизвикот поставен пред стартапите е да излезат од викендот подготвени за вистинскиот свет. Да научат како се прави бизнис план, како се презентира и како се ловат инвеститори. Но, затворени во еден мал круг, младите стартапи кои доаѓаат само со идеја на Startup Weekend Skopje завршуваат со илузии дека за два дена можат да направат продукт кој радикално ќе го промени светот.

Илузијата на македонските стартапи не ја забележав само на овој настан. Таа постои, нахранета со приказни за фантастични успеси преку океанот и неверојатни приказни за милијарди и милијарди долари. Но, тие пари ги нема тука. На сите македонски стартап настани се појавуваат млади претприемачи кои имаат грандиозни идеи дека сега! и веднаш! и тука! ќе го променат светот. Се што им е потребно се 100-тина илјади евра. Барем толку бараше стартапот EcoTaxi чиј план беше да направат флота од 10 такси-возила со персонализирани електрични мотори што ќе собираат патници низ Скопје. Кога сме кај автомобилите кои беа најпопуларната тема со дури три стартап идеи, Circle Base се обложуваше на Интернет на нештата, односно апликација за пешаци која ќе добива нотификации за претпазливост од возилата со Android Аutо. Но, се уште нема возила со Android Auto. Друг стартап Mise TV работеше на платформа за стрим во живо на готвачки рецепти и правење на коктели. Се е супер, освен тоа што, иако знаеја дека готвењето е најпопуларната категорија на YouTube, сепак се впуштија во битка со експерти. Возиме предложи платформа за споделување на патни трошкови, но имаше такви обиди и не успеаја, бидејќи влегувате во доменот на диви таксисти. Pumps верува дека паметните часовници кои чинат најмалку 100 долари ќе бидат популарни, и дека тинејџерите ќе сакаат да се поздравуваат преку нив. Но, на презентацијата немаа паметен часовник на рака. Raspputin се обложуваше на сексот, и нудеше сервис за изнајмување на соби кои се третираа како продукт, или на кратко соба за специфични потреби. Идејата е одлична, бидејќи, нели… секс, но етичките и легалните прашања околу апликацијата се матни. Genome-map се обидуваше да го мапира и анализира човечкито геном со копање по отворени податоци, и ќе ме обвините ли што не разбрав апсолутно ништо од презентацијата?

Има некои стереотипи што можеш да ги препознаше кај стартапите – огромни и сложени концепти, куп ентузијазам, но без идеја за таргет група, без искуство во областа, без финансиски план, само колку да се импресионира жири. Би сакал стартапите да ми покажат дека грешам. Но… нивните обиди се преголем залак. Тука не се виновни претприемачите бидејќи по дефиниција треба да бидат луди и храбри. Here’s to the crazy ones! Но, да се вратиме во реалноста, и можеби тука требаше да помогнат менторите. Вистински стартап треба да го поремети традиционалниот бизнис, не да сонува за нешто недостижно. Како? Да земеме пример на македонски-хрватски стартап чиј тим го забележав во публиката на Startup Weekend Skopje. U:Plug навистина доби 100.000 долари за штекер. Домашен штекер со вграден полнач за мобилни. Но, тимот, составен од искусни претприемачи кои се обидуваа со различни идеи низ годините, ја таргетираа клучната публика. Наместо да таргетираат индивидуални корисници, тие таргетираат хотели и бизниси кои ќе платат за илјадници штекери! Зошто? Бидејќи едноставниот продукт можат да го разберат сите.

На овој натпревар имаше една едноставна идеја. И таа со право победи! Но, да почнеме по ред:

Специјалната награда, учество во новиот акселератор Dаrma, ја доби апликацијата Докторот. Оваа апликација за болки од грбот мене ми е застрашувачка бидејќи бара доктор да направи дијагноза врз основа на фотографии од пациентот сликани со мобилен. Но, ќе земам слобода да претпоставам дека Dorma го сака тимот, не апликацијата, бидејќи тимот е доволно храбар да се вклучи во медицината, што е огромен пазар, и имаа потенцијално демо. Да не заборавиме, имаа и вистински доктор во тимот.

Третото место го освои Dary, апликација за споделување на фотографија со приватен круг на пријателите. И тука од тимот се покажаа како ентузијасти, и ја имаа најдобрата презентација. Но, ја потценија конкуренцијата. Dary во суштина е Facebook Riff за фотографии. Нив конкуренција им се Facebook и Snapchat.

Второто место го освои NowPark.me системот за краудсорсинг на слободните паркинг места. Тоа е едниот дел од апликацијата, со кој се бара од корисниците да споделуваат информации за слободни паркинг места во градот. Тоа е лоша идеја. Исто сакаат да соработуваат со општините за да постават систем кој ќе ги следи сите општински паркинзи за слободни места. Со среќа соработката со општините! Но, имаа втор дел кој беше претставен како „AirBnb за паркинг“. Во суштина вие го изнајмувате домашниот паркинг додека не сте дома на други и правите пари од слободниот простор. Тоа е генијално!

Првото место го доби BrunchBox, едноставна апликација наменета за бизнис луѓе кои сакаат да се запознаат. Идејата е кога сте гладни да отворите апликација, да најдете некој кого би сакале да го запознаете или да започнете соработка, и доколку е тој блиску до вас, да седнете на ручек. Можеби прво на памет за конкуренција ќе ви текне LinkedIn, но BrunchBox е мрежа за луѓе што се блиску до вас. Можеби треба да поработат на презентацијата, но според жирито идејата им е најдобра.

Честитки до сите натпреварувачи! Се надеваме дека стартапите ќе продолжат да се развиваат. Не се навредувајте од критиките, туку земете ги како фидбек. Да, јас дојдов само за финалето, само за тие последни два часа. Но, мене не ми е важно колку вие сте се намачиле за тие три дена и дали сум во право или не. Јас сум вашиот краен корисник.

9 коментари на “Предизвикот, илузијата и победниците на Startup Weekend Skopje 2015

  1. Orce organizacijata na prvite 2 startap vikendi i poslednite 2 startap vikendi se razlicna ekipa, i poznavajki ja novata organizacija, odgovorno tvrdam deka nema nikakva politika i nikakvi zadni nameri i planovi pozadi celiot nastan.

  2. Bravo za avtorot mnogu ubava analiza. Za zal makedonskata startup scena e seuste mnogu mlada i neiskusna. A i kako i se vo drzavata i ovoj nastan go isprivatizira grupa na takanareceni entuzijasti.

    1. Se soglasuvam so tebe deka ova sto e napisano od avtorot e fantasticno , no ne se slozuvam so tebe okolu scenata – deka e mlada i neiskusna . Seto ona sto e navedeno vo analizata na Viktor e do perfekcija objasneto , no zad tie StartUP-i stojat politiki, veruvaj mi -jas go iskusiv toa
      pozdrav Jovan

      1. Wow, ова е најголемата пофалба што сум ја добил за еден текст, и затоа ми е жал што нема да се согласам со тебе, хаха. Иако има политика и пари, се бркаат интереси итн итн, сепак ако ја споредиме сцената во Македонија со таа во соседните држави, споредбата би била како на тинејџер наспроти возрасен човек. Но, се надевам дека ќе пораснеме. Навивам за тоа. :)

      2. Viktor se nadevam deka ke se smeni nesto – AKO SE SMENI ?????? , no zasto bi bile nie tinejdjeri ako imame kvalitet? a toa ne deka nedostasuva vo MK. Od ona sto jas go iskusiv na prviot Start up ne bas mi vleva nadez deka bilo sto ke se smeni – znaejki koj stoi zad tie kulisni igri .
        pozzzzzzz

      3. Квалитет за што? За оутсорсинг можеби, но идеите за стартапи се уште се наивни. Треба да се промени начинот на размислување.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии