Во Хрватска има вкупно собрано 1,3 милиони евра од различни краудфандинг платформи, a во Словенија има околу десет пати повеќе, во Србија околу десет пати помалку, вели Хрвоје Хафнер од хрватската платформа Doniralica. За споредба, во Македонија краудфандингот е нов концепт – само од пред месец дена видовме две успешни кампањи за Small Star Empires и Cavern Tavern, кои заедно на Kickstarter собраа околу 40.000 долари. Од претходно има околу 3.500 евра собрано преку домашната платформа LetsFundIt.mk.
Хрвоје беше гостин на првиот мини-настан на AllWeb MK на кој зборуваше како краудфандингот може да биде алтернативен концепт на финансирање на проекти и стартапи. Ова беше прв од серијалот мали настани кои ги најави конференцијата за дигитален маркетинг. Во своето четириесет минутно предавање, Хрвоје ги објасни основите на краудфандингот и сподели неколку интересни совети како да се биде успешен.
„Со краудфандинг не може да финансирате компанија. Финансирајте проект. Клучно е дека треба да разберете дека се работи за микро-донации. Ќе имате многу луѓе кои ќе донираат по малку пари, и ќе треба да дадете некој процент на банките, на PayPal или некој друг сервис, како и 5% на Kickstarter и другите сервиси. Но, ќе треба да најдете начин да ги наградите сите луѓе кои донираат во вашата кампања“, вели Хрвоје.
Целото предавање може да го погледнете на YouTube.
1 коментар на “Предавање на Хрвоје Хафнер: Како функционира краудфандингот?”