Пред изборите за Европскиот парламент, промена во рекламирањето на Google Ads

Google најави промени во рекламирањето пред изборите за Европскиот парламент. За секоја политичка реклама ќе биде потребно да се аплицира и да се почека верификација пред да може воопшто да се плати за овие реклами.

„Напорно размислуваме за изборите и како да продолжиме да ги поддржуваме демократските процеси во светот, вклучувајќи и поголема транспарентност при онлајн рекламирањето на политичките кампањи“, вели Лај Џуниус претставник на Google за јавна политика во Европа.

Промените започнуваат во јануари. Од следната година, сите политичари кои сакаат да се рекламираат на Google сервисите ќе мора да поднесат документи. Документите се регистрација на партија, европска лична карта и слично. До рекламите ќе пишува дека станува збор за платен маркетинг и  кој ја платил рекламата, вели Bloomberg.

За поголема транспарентност Google, од следната година во Годишниот извештај за транспарентност ќе додаде и кој, колку и кого таргетира со рекламите објавени преку Google Ads.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии