Пред изборите во САД Facebook ќе го паузира политичко рекламирање

Најголемата друштвена мрежа Facebook ќе запре со политичко рекламирање на една недела пред претседателските избори во САД. На 27 октомври ќе запрат политичките реклами. Пред тоа ќе започнат мерки кои ќе ги спречат обидите за разубедување на излегување на гласање. По изборите друштвената мрежа ќе се обиде резултатите да бидат видливи единствено од официјални страници.

Веста на друштвената мрежа ја сподели на својот профил Марк Закерберг:

„Овие избори нема да бидат како досега. Одговорноста за заштитување на демократијата е на сите. Ова значи да им помогнеме на луѓето да се регистрираат и да гласаат; да се расчистат сите забуни за тоа како ќе функционираат изборите; и да се намалат опасностите од насилство и немири.

Со цел да им помогне на 4 милиони луѓе да се регистрираат и гласаат, Facebook започна со најголемата информативна кампања на друштвените мрежи. За само три дена донесовме 24 милиони корисници на страниците за регистрирање на гласачи. Со Присила дониравме 300 милиони на долари на невладини организации кои се поддршка за државната и локална инфраструктура за гласање“.

The US elections are just two months away, and with Covid-19 affecting communities across the country, I'm concerned…

Gepostet von Mark Zuckerberg am Donnerstag, 3. September 2020

За жал веројатноста дека забраната за политичко рекламирање на Facebook нема да вроди со плод е голема. Главна причина е начинот на кои се споделуваат информациите на Facebook. Рекламирањето е еден дел, но како што дознаваме и од локални примери огромно влијание имаат големите групи.

Најголем дел од кампањите ќе имаат спонзорирана содржина која ќе продолжи и во овој „затворен“ период. Facebook веќе објави дека нема да ги отстранува постоечките спонзорирани објави кои и понатаму ќе стигаат до публиката.

New York Times потсетува на претседателската кампања во Франција, во која пред гласањето беше хакирана поштата на претседателот Макрон. Тогаш се тврдеше за докази за криминал кои не постоеја, но бидејќи законот во Франција забранува споделување вести неколку дена пред изборите, единствен извор беа разни објави на друштвената мрежа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии