Пребарувајте текст во слики со Google Photos

Нашата мултимедијална библиотека, често содржи и фотографии, односно скриншотови со текст. Таквото нешто е повеќе од неизбежно, особено кога сакаме набрзинка да фотографираме нешто што нам нѝ е интересно, како рецепт, инструкции, или нешто што моментно го гледаме на екранот.

Од неодамна, Google Photos се пофали со исклучително корисно надополнување. Имено, сега можете да пребарувате текст кој се наоѓа во вашите слики. Дополнително, можете и да ги копирате, како и префрлите тие зборови во некој нов документ, порака или слично.

За да го искористите следниот еволутивен чекор во OCR технологијата, отворете ја Google Photos апликацијата и во полето за пребарување напишете ги зборовите кои ги барате. Апликацијата започнува со инстантно копање на сите ваши фотографии и ви прикажува слика со таков текст во неа.  Доколку ја отворите сликата, можете да го претиснете Google Lens копчето на долната страна од екранот, да одберете што сакате од текстот да одбележите, да копирате, а, потоа, и да префрлите на некое друго место.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии