Пребарувајте низ eBay со слики, а не зборови

eBay има имплементирано одлични функции и категории за текстуално пребарување, но понекогаш не можете да го најдете саканиот производ така што ќе го напишете во полето, а и не сакате да губите премногу време низ категориите. еBay го разбира ова, и токму поради тоа има имплементирано функција која се вика Image Search, а ви дозволува да пребарувате така што ќе поставите фотографија. Image Search користи напредни алгоритми, потпомогнати од вештачката интелигенција за да го најде продуктот кој се наоѓа на фотографијата.

За да можете да ја користите услугата, потребно е да ја имате инсталирано eBay апликацијата за паметни направи. Потоа, можете да започнете со пребарување така што веднаш ќе го сликате продуктот, кој може да е физички пред вас, во некое списание, или на некој веб сајт. Во случај да го имате сликано продуктот претходно, лесно можете да ја извлечете сликата од галеријата. Пребарувањето е исклучително брзо и започнува неколку секунди по поставување на сликата. Се препорачува фотографираниот продукт да е на едноставна позадина. Во понудените резултати од пребарувањето се нудат и слични производи, а лесно можете да ги извршите сите добро познати филтрирања и сортирања како во ситуацијата со текстуално пребарување.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии