Пребарувајте најразлични фајлови со SearchMyFiles

Кога убаво ви се „скоцкани“ фајловите, секој во посебен фолдер и подфолдер, пристапот до нив знае да биде безболен. Но, таквото нешто се чини дека е точно само кога се работи за помал број фајлови. Во моментот кога ќе влезат во игра и екстерни хард дискови и складирање на облаци, ситуацијата знае да биде исклучително похаотична. Самиот Windows оперативен систем има солидни можности за пребарување, но е далеку од семоќен. Поради тоа, можеби и не е лошо да се запознаете со потенцијалите на една алатка на далеку познатите NirSoft.

SearchMyFiles се одликува со напредни можности за пребарување и активирање корисни параметри. Со неа, можете да го листате пребараното во зависност од времето кога е креирано, менувано или во зависност од тоа кога е пристапувано. Може да пребарувате според вид на фајловите, како и нивната големина.

Она што нам најмногу нѝ се допаѓа во најновата, трета верзија е тоа што конечно можете да пребарувате и според текст кој е напишан внатре во текстуални документи, како office, или PDF документи. Исклучително корисна опција за релативно брзо наоѓање на она што го барате.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии