Правото да бидеш заборавен е опасно, предупреди креаторот на глобалната мрежа

Правото да се биде заборавен во овој момент е опасно. Правото за пристап до историјата е важно, вели Тим Бернерс-Ли, основачот на глобалната мрежа. Бришењето од пребарувачите како Google, Bing, Yahoo во последниве месеци стана актуелно откако Европскиот парламент донесе резолуција со која секој корисник може да побара да бидат тргнати резултати кои се застарени или му ја прекршуваат приватноста.

Критиката од г. Бернерс-Ли важи единствено за резултатите кои се точни. Кога се во прашање погрешните информации, тој се согласува дека треба да постои механизам со кој ќе се заштитат корисниците. Според него далеку подобро решение е да им се забрани на работодавачите да ги земаат во предвид помалите криминални претстапи постари од 10 години, кога разгледуваат некој кандидат за вработување.

„Ова е наше општество. Ние го градиме. Можеме да дефинираме правила за тоа како се користат податоците. Ова е многу подобро отколку да се преправаме дека никогаш не се случиле“.

Ставот на Тим Бернерс-Ли е значаен, не само поради неговата историја, туку бидејќи тој е вообичаено за заштита на приватноста на корисниците, интернет неутралноста или слободата на говорот. Сепак кога е во прашање правото да се биде заборавен, очигледно смета дека е отидено предалеку, вели CNет.

[youtube]rCplocVemjo[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии