Правосмукалки на iRobot ќе чистат со вештачка интелигенција

Нова серија на iRobot правосмукалки ќе доаѓа со вештачка интелигенција. iRobot Genius Home Intelligence ќе му помага на роботот со информации за тоа кога и каде треба да се чисти.

Со надградбата роботите ќе бидат покорисни, но приватноста останува прашање. iRobot за потребите на вештачката интелигенција креира дигитална слика на станот при ова додавајќи зони за чистење кои можеби треба почесто да се чистат. Чистите зони се детектираат со помош на машинска-визија. Роботот ќе препознава кои објекти се во просторот, па може да препорача на пример почесто чистење околу масата.

Новите правосмукалки iRobot со помош на вештачка интелигенција ќе мапираат каде е целиот мебел во домот и автоматски ќе креира зони околу шанкот и масите на пример. Конечната одлука за почесто чистење на овие локации останува н сопственикот. Тој самиот може да одлучи некоја локација да ја одбележи како „чиста“-зона.

„Веднаш откако ќе јадат децата е совршено време да исчистиме под трпезариската маса. Трошки има насекаде, но не мора да ја чистите целата кујна“, вели Кит Харсфилд од iRobot за Verge.

За тренирање на вештачката интелигенција компанијата ги користеше становите на своите вработени. Роботот кој е користен во оваа прилика доаѓа со специјални налепници како потсетување дека може да бидат снимени во секој момент.

Ова не е првпат Roomba да собира податоци од корисниците. Пред 3 години компанијата објави дека роботот прави дигитална слика на станот или објектот кој го чисти. Тогаш компанијата објави дека овие податоци ги споделува со партнери.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии