Правете професионални видеа од фотографии со LightMV

Разгледувајќи низ албумите со фотографии, често пати се случува да посакаме истите да ги преточиме во видео форма, пропратени со соодветна музичка нумера. Таквите потези знаат да одземат време, а и да бидат со ограничкувачка изведба.

Не и со LightMV.

Се работи за релативно нова алатка која е заснована на cloud, а нуди богати можности за создавање професионални видео материјали од вашите фотографии.

LightMV ги отвора портите и на бесплатните и на VIP корисниците. Најголемата разлика е во понудата на темплејти, односно претходно изготвени урнеци од професионални дизајнери. Имено, бесплатните корисници имаат помал избор од шаблони, но финалниот резултат не е пропратен со (водени) жигови. VIP корисниците, меѓутоа, имаат значително поголем избор. Пред и да размислувате за таквата транзиција дефинитивно препорачуваме да ги проверите првин бесплатните можности на LightMV.

Како и да е, откако ќе изберете некој од понудените шаблони, внесете и распределете ги фотографиите, одберете музика и, доколку сакате, напишете одредена порака која би можела да се однесува за видеото или за примателот. Потоа, завршеното видео можете да го споделите на некоја од најпознатите социјални мрежи или пак да го преземете на вашиот компјутер.

LightMV ви дозволува да создавате високо-квалитетни видео материјали на вашето PC, Mac, телефон, или таблет.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии