Правете квалитетни видео клипови со Shotcut

Повеќето од нас имаат телефон полн со најразлични видео содржини, но не и алатка која може да ги претвори во високо квалитетен филм со кој ќе се гордеат сите роднини. Повеќето такви алатки не само што знаат да бидат исклучително скапи туку и бараат одредено техничко познавање и спремност за учење нови работи. Како одамна докажана алатка, Shotcut е една од поомилените алатки за лесно и ефикасно уредување на најразлични аудио и видео извори.

Во поглед на поддржани платформи, Shotcut не дискриминира и одлично се справува во Windows, Mac, или Linux околина. Што се однесува до мултимедијалните формати, на интерфејсот со временската лента можете да вметнете какви било (4К) видео и аудио формати, како и најразлични формати на слики. Импресионирани сме од временската лента која одлично прилепува клипчиња од најразлични резолуции, а се одликува со флексибилни можности за навраќање и експериментирање со најразлични резултати.

Shotcut нуди огромна лепеза од ефекти, филтри и премини, сè со цел финалниот резултат да излезе баш онака како што сте си го замислиле. Дефинитивно нѝ се допадна можноста за стабилизирање на оние видеа во кои е забележително тресењето на камерата.

Најновата верзија на Shotcut ја проширува лепезата од филтри со Blue филтер Pad и нов Rich Video филтер. Со Pad можете да ги замените црните решетки на видеата кои се снимени во Portrait со заматена површина. Новиот Rich видео филтер, пак, дозволува да напишете текст директно на видеото кое го прегледувате. Паралелно со ова имате нови слоеви, како и подобрени перформанси при работа со временската лента.

Претходната верзија на Shotcut имаше огромна ранливост која дозволуваше хакер да инсталира малициозно надополнување. За среќа, новата верзија ја затвора таквата ранливост, а и заменува неколку стари филтри кои се засновани на HTML5.

Предности на Shotcut:

  • Дозволува вметнување видеа и фотографии со принципот фати – пушти
  • Остранува несакани делови од видеото преку користење на соодветните лизгачи
  • Визуелно и аудио експриментирање на видеото преку имплементација на најразлични ефекти и филтри
  • Open-Source софтверско решение кое е целосно бесплатно и лесно за употреба

Алтернативи на Shotcut:

  • Adobe Premiere Pro
  • iMovie
  • Filmora
  • DaVinci Resolve
  • VSDC Free Video Editor
  • Blender
  • Lightworks
  • HitFilm Express

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии