Прашалник.мк е платформа која ќе ги спои компаниите со нивните потрошувачи

Image courtesy of Prashalnik.mk

Прашалник.мк е нов сервис кој треба да им помогне на компаниите да дознаат што мислат потрошувачите за нивните услугите или продуктите. Платформата е дел од услугите на маркетинг агенцијата Market Vision, и најверојатно платформава е планирана да биде нивен клучен сервис во иднината.

Предноста која би ја имале компаниите е јасна. Ќе знаат повеќе за мислењето на своите корисници. Што им се допаѓа на корисниците, а што треба да се корегира. Прашалник.мк ќе биде местото каде компаниите ќе можат да отидат и да информираат.

Која е мотивацијата на корисниците? Треба да биде финансиска. Секој може да креира профил и да ги пополнува анкетеите, а за ова ќе треба да добие соодветен надоместок. Освен финансиски средства корисниците ќе можат да ги заменат своите услуги и за производи.

Но! Прашалник.мк на корисниците ќе им праќа анкети за одговори. Со секоја анкета корисникот ќе добие одреден број на поени. Доколку успее да собере 1001 поен до 15. март се квалификува за замена на поени за парични средства. Иако вакви системи се лесни за злоупотреба, сепак корисниците треба да бидат внимателни, а и компанијата да си го одржи зборот и кредибилитетот.

Освен ова, станува збор за прилично разумни правила за користење. Корисниците сепак треба да вложат труд за да одговорат на анкетите, но и да дадат квалитетни одговори. Поради ова од платформата одбираат одредена демографска група, па потоа ги проверуваат одговоритe.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии