Познатите инвеститори Andreessen Horowitz вложија 25 милиони во биткоин паричник

Andreessen Horowitz со ивестиција вредна 25 милиони милиони долари во стартапот Coinbase стана најголемиот инвеститор во дигиталната валута биткоин. Coinbase им овозможува на корисниците да ги користат нивните услуги како своевиден дигитален трезор во кој ги чуваат своите пари без да се грижат за можни напади.

Во моментов Coinbase има над 600.000 корисници, а популарноста на биткоините допринесува до се поголем интерес за нивните услуги. Со парите од Andreessen Horowitz, стартапот има вкупната инвестиција од 31 милион долари. Инвестицијата ќе биде искористена за развој на сервисот, но и најверојатно за популаризирање на биткоините како безбедна валута за плаќање. Coinbase има и услуга со која е своевиден посредник помеѓу продавачите и купувачите на биткоини. За оваа услуга компанијата наплаќа 1 отсто провизија како своевидна берза на дигиталната валута. Освен ова компанијата ги поддржува и бизнисите кои прифаќаат биткоин и им овозможува да ја заменат дигиталната валута во замена за вистински пари.

Еден биткоин во моментов чини околу 900 долари, иако пред само два месеци чинеше само 200 долари. Овој брз раст ја прави валутата интересна за инвеститорите, заработката има исто толку шанси колку и ризикот од загубата бидејќи валутата постојано ја менува својата вредност. Големо влијание врз вредноста на валутата имаат одлуките на земјите како да ги третираат овие пари. Пример прифаќањето на валутата во конгресот на САД доведе до брз скок на вредноста, но одбивањето на Кина да ја признае валутата доведе до пад од 20 отсто. Иако има се поголемата застапеност во продавниците, сепак биткоините наскоро ќе бидат оданочени од стравот на властите дека ќе послужат како лесен начин на перење на пари.

3 коментари на “Познатите инвеститори Andreessen Horowitz вложија 25 милиони во биткоин паричник

    1. Не се плаќа данок на Bitcoin, исто како што не се плаќа данок ни за £, $ итн Данок се плаќа на заработувачка, тоа може да биде во било која валута. А за следење на трансакциите, нема по транспарентна „валута„ од BTC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии