Познати нови детали за AMD Ryzen

CES 2о17 ни овозможи да дознаеме нови детали за новиот процесор на AMD, Ryzen. За жал, цената на уредите не e еден од податоците кои AMD ги сподели за време на овој настан.

Она што е сигурно е дека целата серија од основните до најдобрите процесори ќе бидат отворени за оверклокување. Процесорот ќе биде отклучен што вообичаено значи подобри перформанси при оверклокување. Сепак, не сите матични плочи ќе поддржуваат оверклок. За оверклок е потребна плоча со X370, X300 или B350 чип..

AMD откри дека покрај сигурната 8-јадрената верзија, ZEN ќе доаѓа и во 6-јадрената и 4-јадрената верзија.

Иако точната дата сè уште не е прецизирана барем има потесен период. Процесорите треба да се појават пред крајот на првото тримесечје во 2017. Она што е поинтересено е што за AMD во следните неколку циклуси нема да има потреба од промена на плочите. Новата AM4 платформа ќе трае до 2020, односно до појавата и прифаќањето на DDR5.

Повеќе податоци има и за новите матични плочи за новиот процесор. Заедно со процесорот ќе бидат достапни 14 матични плочи. Ова не изгледа премногу, но навистина помина долг период откако производителите претставиле плоча за AMD. Asus, ASRock, MSI, Gigabyte и Biostar се производителите кои ќе претстават AM4 плочи за Ryzen.

Што се однесува за „најизгорените“ гејмери, единствен избор е плоча so X370 процесор. Ова ќе бидат единствените плочи кои ќе доаѓаат со можност за две графички картички во SLI или Crossfire. Причината за ова е едноставна и точна, според анализата на AMD корисниците кои купуваат поевтини системи не користат ниту повеќе графички картички, пренесе PC World

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии