Познати дизајнери ги откачија издавачите, креираат видео игри со пари од гејмерите

Пред околу еден месец Тим Шејфер од Double Fine Adventures, го направи првиот чекор од долгиот пат на дизајнирање на потполно нова „Point & Click“ авантура. Бидејќи за овој жанр на игри нема голем интерес од издавачите Тим се реши преку Kickstarter да се обиде oвој проект да го финансира заедно со неговите фанови. Oколу 87.000 фановите одговорија на неговото барање и откако за еден ден собраа еден милион долари по завршувањето на акцијата фондот за новата авантура е 3,3 милион долари што е решиси за 3 милиони долари повеќе од планираната и потребна сума.

Деновиве актуелен е и Брајан Фарго, кој можеби охрабрен од успехот на Double Fine, започна своја иницијатива на Kickstarter. Брајан Фарго е основач на Interplay компанија која го користеше мотото „од гејмери за гејмери“, а ќе остане запаметена како компанија која направи неколку игри кои и денес котираат во најдобрите 50 игри било кога направени.

На помладите фанови најверојатно најпознато им е името Fallout, игра која со своите продолженија е актуелна и денес а првите две Fallout 1 и Fallout 2 се дизајнирани од Interplay. Покрај ова Фарго е дизајнер, девелопер или продуцент и на: Bard’s Tale, Descent, Baldur’s Gate, Castles, а има соработувана и со Blizzard во времето кога беа Sillicon & Synapse, како и со Bioware.

Овојпат фановите донираа за продолжение на легендарната Wasteland игра која е претходник на Fallout серијалот.

[youtube]_FTLv50c8Qg[/youtube]

Wasteland е и играта која го постави постапокалиптичниот свет во Fallout и според зборовите на Фарго единствена причина поради која играта ја крстиле Fallout е поради тоа што ја изгубиле сопственоста на името Wasteland. Процената е дека ќе бидат потребни еден милион долари (целта е 900.000 долари бидејќи Фарго лично ќе донира 100.000), а парите беа донирани за само два дена!

На 28 дена до крајот на „kickstartot“ на Фарго му се доверени 1,3 милиони долари од 26.000 фанови. Со оглед на соберените средства играта најверојатно ќе излезе на PC и OS X, иако со достигање на 1,5 милиони долари најавена е и верзија за Linux. Најверојатен термин за излегување на играта ќе биде во октомври следната година.

[youtube]IvYcu5qaO-s[/youtube]

2 коментари на “Познати дизајнери ги откачија издавачите, креираат видео игри со пари од гејмерите

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии