Смешното позиционирање на Џими Велс над насловот привлекува донации за енциклопедијата

Позиционирањето на сликата веднаш врз насловот на статија на Wikipedia стана вирален хит каде корисниците започнаа да се шегуваат со Џими Велс кој одеднаш стануваше Исус Христос, Бетмен, сериски убица, дури и Адолф Хитлер.

Но, иако на почеток се мислеше дека Wikipedia направи грешка со сместување на сликата од банерот за донирање на левиот ќош, сепак програмерот на Wikipedia, Брандон Харис вели дека тоа позицинорање е намерно бидејќи функционира и привлекува донации.

„Ова е намерно, но не верувам дека беше дизајнирано така од самиот старт. Имаше многу експерименти во тоа време за како е оптималната позиција на сликите, и така заклучивме дека треба да биде на левата страна“, вели тој во пост на Reddit во кој ги повика корисниците да го прашаат што сакаат за енциклопедијата.

Доколку ви се допаѓа позицинирањето тогаш донирајте за слободната онлајн енциклопедиja, и активирајте се да ја збогатите и верзијата на македонски јазик.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии