Пожарникарите од Калифорнија ги гаснат пожарите со помош на проширена реалност

Пожарникарите во Калифорнија се борат со најголемиот пожар во историјата на оваа држава. Секако ова значи дека на пожарникарите им е потребна ама баш секоја помош која може да ја добијат. Една од новите алатки кои им се на располагање е проширената реалност.

Користењето на технологија помага и за поголема безбедност, но и за подобра координација на тимовите. Станува збор за софтвер кој може да се преземе, а нуди поддршка за сите платформи, PC, Android и iOS.

Софтверот оригинално е развиен за трки на дронови, но прерасна во нешто сосем поинакво. Компанијата која го произведува софтверот ја смени насоката на развој минатата година, откако ја користеа својата технологија во неколку зони погодени од пожари и урагани.

Софтверот на EdgyBees им помага на пожарникарите визуелно да ги пронајдат проблематичните точки, влезовите, но и безбедните зони. Така на мапата која тие ја гледаат може да се забележат каде се и опасностите од електричната мрежа, гасоводот и слично.

Она што е многу важно во вакви ситуации, учењето на софтверот е многу кусо и трае околу 20 минути, пишува ZDNet.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии