Power Soccer онлајн фудбал

IT.mk редакција

во Совети

{mosimage}Фудбалчево е навистина како измислено за сите фанови на овој жанр од сајбер гејмингот – фудбалот. Јас се заразив со него, а како што гледам истото ми го рекоа и сите кои што го играат Power Soccer кој изобилува со интересни опции и ветува многу забава.

Ќе почнам прво со мала критика и осврт на техничкиот дел на играта, графиката и игривоста.
Самата игра е реализирана во Java и оптимизирана за играње исклучиво на интернет, графичките детали се на солидно ниво за бесплатна игра, звукот е оскуден, но и тоа се подобрува со тек на време. Најинтересно е тоа што играва е многу добро осмислена со оглед на тоа што дозволено е секој корисник да си направи свои дресови, да стави свое име на тимот,да ги тренира играчите со skill points, да игра секојдневно пријателски и официјални натпревари или пак европски купови.

Ако играте официјални натпревари тие ќе бодувани и ќе влијаат на генералнит пласман на вашиот тим во самата игра која има ранг листи на најдобри тимови, најдобри голгетери, асистенти, земји итн.
Играва си има и свој форум кој е редовно посетен и активен и преку 300 активни фудбалски кланови кои што се натпреваруваат помеѓу себе, значи би можела да биде предизвик за професионалните сајбер играчи и од Македонија.

Еден од моите најубави постигнати голови на Power Soccer:

Еве и некои скринери кои ги извадив од веб сајтот на играва :

Мојот Power Soccer widget ( кликни да ја свртиш картичката за статистика )

Местење на тактики и тренинг на фудбалерите

Индивидуален изглед и прекар на секој играч по ваш избор

Име и амблем на тимот

Топ листа на неделата

Популарен европски Game room

Да не гњавам повеќе POWER SOCCER може да го пробате тука каде што ќе треба прво да се регистрирате бесплатно,а јас само би ви посакал многу среќа, забава и фудбалско задоволство.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии