Повторно сме (бевме) во фокус на светските медиуми

Без сомневање веќе сте прочитале дел од дезинформациите кои се споделуваат за коронавирусот и неговото распространување. Ако се чудите од каде олку лажни податоци, се чини дека Македонија заедно со Филипини се центри од кои се помага или барем се помагаше споделувањето на лажни вести за епидемијата.

Минатата недела Facebook ја отстрани страницата на Natural News. Вестите од оваа страница се споделувале од македонски и филипински трол-фарми. Оваа страница е посочена како еден од најголемите издавачи преку кои се споделуваат лажни вести за коронавирусот. Сепак лажните вести не се причина за отстранувањето на страницата. Страницата е отстранета бидејќи ширела спам, а дополнително споделувале податоци од уште неколку портали NewsTarget и Brighteon.

Ги отстранивме овие страници поради спам и злоупотреба, а не поради содржините што ги објавуваат. Ги дезинформираат луѓето за популарноста на овие објавуви и користеа фарми со содржина во Северна Македонија и Филипините, вели Facebook за NBC.

Македонија и Филипините се посочени како главни локации од кои вестите за корнавирус се шират на друштвените мрежи.

Куп видеа со дезинформации како и виралното видео „Plandemic“ се споделувани нa Facebook каналот „Natural News“. Помеѓу лажните податоци споделувани во оваа група се куп информации, од тоа дека Бил Гејтс е одговорен за пандемијата, до тоа дека заштитните маски го зголемуваат ризикот за зараза. Секако информациите не застануваат само на пандемијата, во групата често се споделуваат податоци од антиваксери, но и куп дезинформации за 5G мрежата. Овој пат отстранувањето на страницата не е за подобро информирање, туку едноставно се рутински напори за намалување на спамирањето.

Интересно ова не е прво отстранување на оваа страница од најголемата друштвена мрежа. Пред точно една година Facebook ја отстрани страницата со над 3 милиони следбеници. Сепак и покрај ова најголем дел од публиката на страницата биле вратени. Експертите велат дека по забраната Natural News набрзина ја вратила и проширила својата публика. Ова го направиле преки споделување на својата содржина во различни групи како „Amazing cures“ и „GMO Dangers“.

Во последната година благодарение на купови сателитски страници вестите од оваа страница ги прочитале повеќе луѓе отколку вестите од Светската здравствена организација и Центарот за контрола на заразни болести.

Интересно е што ова не е прв македонски трол фарми да се поврзуваат со исти од Азија. Во минатото трол фарми од Виетнам се користеа за различни политички потреби и во Македонија.

„Во септември 2018 година, како дел од кампањата „#Бојкотирам“, истражувањето на Атлантски Совет откри користење на фарма на тролови од Виетнам за подривање на поддршката за консултативниот референдумот преку кој граѓаните беа поканети да се изјаснат дали се за влегување на земјата во ЕУ и НАТО со променето име“, вели Мета.

Целта на овие групи и веб-страници секако не е дезинформирање туку заработката. Веб страниците кои ги шират овие дезинформации доаѓаат со реклами од Google. Интересно ова се случува и понатаму, иако Google на своите платформи воведе ригорозни мерки за одбележување на содржините, но и за отстранување на целата опасна содржина.

Она што е барем малку забавно во оваа ситуација е иронијата. На пример, реклами за Microsoft 365 се појавуваат на текстови кои го обвинуваат основачот на компанијата, Бил Гејтс за ширење на вирусот. Или реклама за телеком компанијата O2 се појавува на текстови кои ја обвинуваат 5G мрежата за ширење на овие вируси, пишува Bloomberg.

Според истражувачите Global Disinformation Index, Google им помага на 84 отсто од страните кои шират дезинформации за вирусот, 5G мрежите и теории на заговор поврзани со Бил Гејтс да пронајдат огласувачи. Овие веб-страници само од овие реклами заработуваат над 135 000 долари месечно.

Иронијата секако не завршува тука. Дел од рекламите на Google водат до содржини кои Google и самиот ги има отстрането од својата платформа. На пример Google пред неколку месеци го отстрани Дејвид Ике од YouTube, но им дозволува на други канали да ја рекламираат неговата веб-страница на која продолжува да ги шири истите дезинформации поради кои е отстранет од YouTube. Овие реклами носат значителен број на нови посетители на страниците, но се додека самите реклами не ги прекршуваат правилата, Google ги остава.

За дел од луѓето кои ги поседуваат овие „фарми“, споделувањето на оваа содржина е единствено начин за заработка, и иако не е безболно, често е помалку проблематично отколку сега. Во време на пандемија секоја погрешна информација е поголем ризик, луѓето кои ги следат овие канали носат погрешни одлуки и се доведуваат самите, но и своето семејство и пријателите во опасност.

За пандемијата на коронавирусот COVID-19

Ажурирано на 25/03/2020

Што е коронавирусот COVID-19?

COVID-19 (коронавирусна болест 2019) е нова заразна вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Името го добива по „боцките“ на неговата површина кои изгледаат како круна (корона). Коронавирусите можат да заразат и животни и луѓе и да предизвикаат симптоми што се движат од лесна настинка до тешка, животно загрозувачка пневмонија.

Колку е заразен вирусот?

Вирусот е екстремно заразен и се пренесува многу лесно од човек на човек, особено во затворени површини. Се пренесува по капличен пат - во мали капки кои ги прави заразениот човек кога дише, зборува, кашла или кива.

Каде е проширен вирусот?

Почнувајќи од првата епидемија во Кина, од декември 2019 до денес вирусот е проширен во над 140 земји, има заразено најмалку 462.000 луѓе и предизвикано над 20.800 смртни случаи. Според Светската здравствена организација се работи за пандемија. Моментално Европа и САД се соочуваат со нагол пораст на новозаболени. Вирусот е присутен и во Македонија од 26 февруари 2020.

Кои се симптомите?

За да се појават симптомите потребни се 2 до 14 дена. Најчести симптоми се покачена температура, сува кашлица, замор и потешкотии при дишењето. Најголемиот број заболени (околу 80%) имаат благи симптоми кои наликуваат на грип или лоша настинка. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми, но може да ја пренесат болеста на други.

Како да се заштитам себеси и другите?

Добар совет во време на пандемија е да се однесуваме како сите, па и самите да сме заразени. Ова значи, минимизирање на контактот со други луѓе и држење на дистанца од 1 до 2 метри, поретко излегување од дома, често и долго (до 20 секунди) миење на рацете и избегнување на допирање на лицето.

Каде да се информирам повеќе?

Во време на пандемија, а воедно и на лажни вести и clickbait тактики, бидете внимателни од каде конзумирате вести. IT.mk ви препорачува да ги следите официјалните сајтови и проверени извори на информации:

- Официјална веб-страна на Министерството за здравство
- Официјална веб-страна на Владата на РСМ
- Неофицијална страна поддржана од Министерството за здравство
- често ажурирана страница за моменталната состојба на пандемијата. За секоја земја има и посебна статија.

Прочитај повеќе

1 коментар на “Повторно сме (бевме) во фокус на светските медиуми

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии