Собранието го донесе новиот Закон предложен од Министерството за информатичко општество за издавање на вредносни ваучери за компјутери од 15.500 денари. Проектот би требало да стартува од 1 февруари 2013 година.

Но, за разлика од претходните вакви проекти кога се делеа компјутери на сите апсолвенти, сега ваучерите ќе се делат на „редовните студенти од социјално загрозените семејства кои за прв пат се запишани во завршната година на студии, на универзитети, како и за студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби“.

„Законот се засновува врз следните цели и начела: поттикнување и помагање на научниот и технолошкиот развој на студентите кои потекнуваат од социјално загрозените семејства; помагање на студенти евидентирани како лица со посебни потреби; директна стимулација (помош) на компаниите кои се дел од ИТ секторот.”, се вели во Законот.

Покрај студентите со посебни потреби, другите студенти кои ќе добијат вваучери ќе бидат тие од социјално загрозени семејства. Тоа подразбира семејства кои добиваат социјална помош или семејства кои немаат поголем месечни приходи од 12.000 денари. На студентите ќе им бидат потребни потврда од социјалните служби и уверение од Управата за јавни приходи за двајцата родители за да докажат дека доаѓаат од социјално загрозено семејство.

МИОА ќе потроши 46.500.000 денари на овој проект кој ќе ги опфати студентите од учебната 2012/2013 година. Парите ќе се обезбедат од Буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација. Од претходните проекти со издавање на ваучери за компјутери во 2007-ма и 2008-ма година, МИОА за 22.476 поделени ваучери потроши 309.267.600 денари.

„Очекуваните резултати што ќе произлезат од овој предлог-закон се: приближување на ИКТ технологиите до граѓаните, изградба на информатичко општество, зголемување на бројот на компјутери во употреба меѓу граѓаните на Република Македонија и помагање на студентите лица со посебни потребни и студентите кои живеат во социјално загрозени семејства.“

4 коментари на “Повторно ќе се делат ваучери за компјутери за студентите

  1. ova e veter vo magla….frlanje na pari perenje na pari …unisteno dezorientirano bedno opstestvo, mizerno bitisuvanje,bezdna, utopia!!! kazete im neka ne go lazat narodot pred izbori…ne im treba kopjuteri im treba leb da jadat i zivot dostoen da ziveat…a potoa se drugo

  2. Значи никој нема да добие ваков ваучер , овоа нема смисла кој може со 12000 плата да си дозволе детето да се запише на факултет МА НЕ МЕ ЗАЕБАВАЈ ПРАЊЕ НА МОЗОК .!.

    1. Еве јас баш денес зедов ваучер со приходи до 15 илјади. Иначе, ситиот на гладниот не му верува. Зато ак имаш големи приходи ќути си и купви си шо сакаш со свој пари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии