Повторно Италија, сега Skype е проблемот

{mosimage}Италијанската полиција објави дека енкриптираниот систем на Skype, кој е тајна, им прави многу проблеми во обидите да ги прислушкуваат продавачите на дрога и бело робје. Тоа го откриле откако прислушкувале продавач на кокаин кој му рекол на својот „колега“ да се префрлат на Skype за да му ги каже деталите за зделка со 2 килограми кокаин, пренесува BBC.

Во борбата против организираниот криминал,
италијанската полиција троши милиони евра за прислушкување, а Rijndael систем за енкодирање на Skype им претставува голем проблем, а како додатен проблем покрај енкрипцијата на Skype е и законот за прислушување на италијанскиот премер Силвио Берлускони што ќе ги ограничи полицајците да прислушкуваат само важни „случаеви“.

Проблемот со VoIP (глас преку интернет протокол) телефонските разговори ги има и германската полиција која
дури и побара налог да закачи спајвер на компјуер на осомничен со цел да ги слуша разговорите, а исто така во Германија пред една година се откри дека Digitask, германска компанија, работи на технологија која ќе овозможи прислушкување на Skype.

Минатата недела, на Counter Terror Expo во Лондон, еден анонимен извор за The Register
изјавил дека американската Национална агенција за безбедност е спремна да плати „милијарди“ за технологија со која ќе може да се прислушкуваат Skype разговорите, односно технологија која ќе го дешифрира Rijndael кодот.

Така што овојпат италијанското негодување против технологијата е оправдано, за разлика од претходното претење на исклучување на Facebook и борбата против YouTube и судењето на четворицата директори на Google.

{mosimage}

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии