Повторно гласини за продажба на Twitter, Google и Salesforce најзаинтересирани

Вестите и шпекулациите за продажба на Twitter не се нови, а одвреме-навреме се појавува ново име во листата на заинтересирани компании.

Google и Salesforce се најзаинтресирани за купување на микро-блогот. Двете компании, наскоро би можеле да достават и официјални понуди, јави CNBC. Бордот на директори на Twitter е заинтресиран за продажба и веројатно би прифатил некоја од понудите. Проценките се дека цената на акциите во овој случај би била околу 26 долари. Од микро-блогот се надеваат дека преземање би можело да донесе нови корисници.

Веста за продажба придонесе да порасне и цената за акциите на Twitter на берзата, за околу 20 отсто. Претпоставките се дека Twitter би го чинел купувачот помеѓу 18 и 30 милијарди долари. LinkedIn го чинеше Microsoft 26 милијарди долари.

Претходно, како можна заинтересирана компанија за Twitter беше споменуван и Microsoft, но по купувањето на LinkedIn изгледа дека изгуби интерес. Salesforce беше една од компаниите заинтресирани за купување и на LinkedIn, но ја загубија „трката“ со Microsoft.

Веста за интересот за купување на Twitter доаѓа од анонимни извори. Ниту една од страните досега не го потврди интересот, а ниту од Twitter не се во целост одлучени на ваков потег.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии