Повисок данок во Европа за големите технички компании

Apple, Google, Amazon и Facebook наскоро би можеле да плаќаат повисок данок во Европа. Европската Комисија излезе со предлог за данок од 3% со кој овие компании ќе треба да платат повисок данок.

Законот е во 2 чекори. Првиот предвидува компанијата да си плаќа данок за секоја продажба во државата каде е продажбата. Досега компаниите плаќаа данок во државата во која им е физичката локација.

Речиси половина, 9 од 20 највредни компании сега се „дигитални“. За споредба, пред 1 година беше единствено 1. Овие компании плаќаат само 50% данок во однос на данокот кој го плаќаат традиционалните компании, вели Reuters. Една од причините за ова е непостоење на физичко присуство во поголем дел држави.

Она што е карактеристично е дека законот ќе се однесува на големите компании. Стартапите и малите компании ќе бидат ослободени од оваа давачка. За компанијата да влезе во групата треба да има приходи на глобално ниво од над 750 милиони евра и над 50 милиони евра приходи во Европа.

Сепак за да биде донесен законот треба да го поддржат сите држави членки на Унијата. Изгледа речиси неверојатно држави како Ирска и Луксембург, кои имаат најниски даноци во Европа и поради тоа се даночен рај за компаниите, да го поддржат овој закон. Сепак, големите и влијателни членки како Германија и Франција притискаат за измени.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии