Повеќе корисни екстензии за Google Chrome

Текстот е продолжение на серијата текстови во кои се обидуваме да ви помогнеме да пронајдете корисни екстензии за Google Chrome. Со оглед на бројот на екстензии, без сомневање ќе испуштиме куп екстензии, па ако имате некој предлог контактирајте нè.


Open Multiple URLs

Оваа екстензија ни ја предложи нашиот читател Викитор Илиевски. Станува збор за едноставна екстензија која може да биде многу корисна.

Екстензијата овозможува препознавање и отворање на урл од текст. Ако често отворате куп url-a кои ви ги испраќаат во текст формат или измешани со текст или код, ова е неверојатно корисна екстензија. Користењето е супер едноставно, гo внесувате текстот и одбирате „Open URLs“ или „Extract URLs from text“.

Keywords Everywhere – Keyword Tool

Ова е едноставна алатка која ќе им биде корисна на сите кои работат маркетинг. Алатката е бесплатна и покажува податоци за клучните зборови. Алатката овозможува да видите колку често некој збор е пребаруван, CPC и слично.

За да видите како функционира, наједноставно е да пребарате некоја фраза на Google.com. Под полето за пребарување Keywords Everywhere ќе ви покаже колку често оваа фаза се пребарува и колку и е CPC. Сепак покорисниот дел е на крајот на страницата каде се прикажуваат поврзаните пребарувања. Тука може да видите кои клучни зборови можеби се покорисни за подобри резултати.

Екстензијата е достапна за Chrome и за Firefox, а за нејзино користење е потребно да се регистрирате за да добиете API клуч.

Awesome Screenshot: Screen Video Recorder

Екстензијата овозможува едноставно креирање на скриншот, но и снимање на цело видео од екранот. Скролање додека се снима и слично.

Дополнително, доаѓа со алатки кои овозможуваат едноставни, но корисни промени. Пример, да заматите дел од сликата, да потенцирате или маркирате дел од сликата и слично. Екстензијата овозможува преземање на сликата директно на дискот, но има и интеграција со Google Drive и може да ги симнувате сликите во облакот.

Awesome Screenshot овозможува снимање на екранот, дел од екранот или целата веб страница која ја гледате. Долнително, може да се снимаат и акциите кои ги правите на екранот.

Boomerang for Gmail

Boomerang воопшто не е нова екстензија, но сè уште е една од најкорисните. Екстензиајта овозможува да се примаат и праќаат имејлови подоцна, наместо да се праќаат веднаш штом притиснете „Send“.

Boomerang има опција да се постави потсетник и поштата да се отвора во време кога навистина ќе ви треба, наместо да биде изгубена во инбоксот. Пример, може да се постави потсетник ако некој не ви одговори на имејл во одреден период. По поминат определен период без одговор, Boomerang ќе го истакне имејлот за да ве потсети дека треба да се обидете повторно да ја контактирате личноста во потрага по одговор.

Дополнително, Boomerang доаѓа и со вештачка интелигенција која ќе ви помогне да пишувате покорисна и подобра пошта.

Boomerang е неверојатно корисна алатка за имејл која за сите кои често користат имејл комуникација е незаменлива.

Turn Off the Lights

Ова е едноставна екстензија со едноставна функционалност, да ви помогне да се фокусирате на видеата кои ги гледате. Turn Off the Lights ја затемнува позадината на веб-страницата околу видеото; всушност апликацијата затемнува сè што не е видео.

Екстензијата може да детектира видео од HTML5 и Flash видео плеери.

Со ова, атмосферата за гледање на видео содржина e подобра, а и фокусирањето на видеото е подобро.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии