Повеќето продавници се уште не се подготвени за Apple Pay и Android Pay

Apple Pay и Android Pay се достапни, но најголемиот дел од локалните продавници, дури и во САД не се подготвени за оваа промена, констатира Forbes. За среќа најголем дел од големите ланци веќе овозможуваат плаќање со телефон, но малите бизниси се далеку од прифатлива бројка.

Само 27 отсто од продавниците ќе бидат подготвени за плаќањето со паметни телефони на почетокот на следниот месец, двете компании се надеваа дека крајниот рок за надградба (1 октомври) на процесорите за исплата кој го наложија Europay, MasterCard и Visa ќе придонесе и за промена на терминалите кои освен што се побезбедни, ќе овозможат и плаќање со телефоните.

Најголем проблем со новите терминали се инсталацијата, но и тренингот потребен за нивно користење. Дополнително дел од продавниците кои ретко се цел на измама не се доволно мотивирани за промената. Apple и Google им помагаат на локалните продавници да ја направат промената, но објективно можностите се ограничени. Ова ќе предизвика поголеми проблеми за луѓето кои сакаат да користат исплата преку телефон во руралните области отколку во урбаните, каде ако ништо дуго се присутни големите ланци.

1 коментар на “Повеќето продавници се уште не се подготвени за Apple Pay и Android Pay

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии