Повеќе луѓе бараат работа преку Facebook, отколку на LinkedIn (инфографик)

Ако сте невработени и барате работа преку Facebook, а не преку LinkedIn тогаш сте во мнозинството кое ја преферира оваа друштвена мрежа. Испитувањата на Jobinvite покажуваат дека 52 отсто од испитаниците го користат Facebook за барање на работа наспроти 38 проценти кои барале работа преку LinkedIn.

Најголем број од испитаниците, 52 отсто, користат Facebook за полесно да најдат работа, а 14 проценти активно барале работа преку Facebook.  Барањето работа на Facebook е во пораст во однос на 2011 кога 48 отсто барале работа преку друштвената мрежа. Пораст од 8 отсто забележува LinkedIn,  38 отсто од испитаниците се изјасниле дека користат LinkedIn за барање работа. Единиаесет проценти го користеле LinkedIn да најдат вработување.

Друштвените мрежи им помагаат и на луѓето кои нудат работа па дури 86 отсто  од нив признаваат дека, ги разгледуваат профилите на пријавените кандидати. Како последица на ова 15 отсто ги смениле нагодувањата за приватност на Facebook. Анализата е направена на 2.108 испитаници од кои 1.266 веќе имаат работа, но сепак ги користат друштвените мрежи да најдат подобра работа. Анкетата е направена во САД,  но со оглед на тоа дека друштвените мрежи се и глобален феномен, нема причиниа да не веруваме дека и во Македониа состојбата премногу се разликува.

 

 

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии