Потребно е регулирање на вештачката интелигенција, вели Сундер Пичај

Вештачката интелигенција има неверојатен потенцијал да го подобри животот на луѓето и токму ова е одна од причините поради која е потребна регулација. Повикот овој пат доаѓа од директорот на компанијата која е можеби и најмногу инвестира во развој на вештачката интелигенција, Сундер Пичај.

„Овој месец имаме три конкретни примери за тоа како Alphabet и Google го искористуваат потенцијалот на вештачката интeлигенција. Nature го објави нашето истражување лпе покажува дека моделот на вештачка интелигенција кој го развивме може да им помогне на лекарите да забележат карцином на дојка кај мамограми со поголема точност; ја користиме вештачката интелигенција за да направиме директни, хиперлокални предвидувања на врнежи од дожд побрзо и прецизно од постојните модели, како дел од поголем пакет алатки за борба против климатските промени; Lufthansa и нашиот „облак“-оддел за работат на тестирање на употребата на вештачката интелигенција за намалувањето на одложувањата на летовите“, пишува  г. Пичај во Financial Times.

Причината поради кои тој повика на регулација секако е стравот од потенцијалните злоупотреби. Веројатно највидливи последниов период се лажните видеа (deepfakes), но и злоупотребата на препознавањето на ликовите.

Еден од начините да се запре со потенцијалните злоупотреби е да се направи законска рамка која ќе ја олесни и работата на компаниите и справувањето со проблемите. Законите и правилата треба да бидат глобални и да ги почитуваат сите заинтересирани компании кои работат на развој на вештачка интелигенција.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии