Потпишан првиот договор за изградба на 5G мрежа

Дејан Соколоски

во Вести

T-Mobile и Nokia се договорија, и го објавија првиот поголем договор за започнување со изградба на 5G инфраструктура. Цента која ќе ја плати T-Mobile за 5G инфраструктура во САД е 3,5 милијарди долари, јави CNBC.

Досега ова е најголем договор за 5G, што со оглед на тоа дека е и прв ваков договор, секако е и разбирливо.

Сепак цената за која е постигнат овој договор не е најважна. Она што секако е поважно е дека конечно започнува влезот во „5G ерата“. Секако останатите провајдери нема да чекаат, па наскоро може да очекуваме вистинска „лавина“ најави за надградби на мрежите.

Она што е најголемо ветување на 5G мрежите сепак не се поголемите брзини за телефоните, иако и тие се важни. Сепак далеку поважно е отстранувањето на тесно грло и можностите за паметни, поврзани системи. Од мали апарати, дрoнови за достава, па сѐ до паметни возила.

Компаниите од кои најмногу се очекува кога се во прашање 5G мрежите, покрај Nokia се и Huawei и Ericsson.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии