Лажни тулбари можеби го користат вашиот компјутер за фармање биткоини

Дали сте посакале да фармате биткоини? Безбедносната компанија Malwarebytes предупредува дека можеби веќе копате во дигиталните рудници, иако не го знаете ова. Компанијата вели дека пронашла софтвер кој речиси половина од процесирачката моќ на компјутерот ја користи за собирање биткоини.

Софтверот се маскира како еден куп непожелни и здодевни тулбари на вашиот прелистувач или агенти кои ги препраќаат вашите интернет навики на компаниите, пренесува Guardian. Само што овој пат апликацијата инсталира и Bitcoin Miner (jhProtominer) кој е популарен софтвер за собирање на биткоини кој овојпат се стартува како процес „monitor.exe“, со PUP (Potentially Unwanted Program) кој доаѓа и со EULA која вели:

“COMPUTER CALCULATIONS, SECURITY: како дел од преземањето на Mutual Public, вашиот компјутер може да прави математички пресметки за нашите партнери (мрежи) за да се потврди трансакцијата и зголемување на безбедноста. Секоја награда или надоместок кој е собран од страната на WBT (We Build Toolbars) или нашите филијали се сопственост на WBT и нашите партнери”.

Се чини дека вртоглавиот пораст на цената на биткоин прави злонамерните корисници се подрско да се обидуваат да стигнат до дигиталната валута. Па последниов месец сме сведоци на гејминг компании кои ги злоупотребуваат своите играчи или кражби на виртуелна валута во вредност од неколку милиони долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии