Portfolio, нов сервис од deviantArt

IT.mk редакција

во Веб

{mosimage}Популарната друштвена мрежа за уметност, фотографија и сликарство deviantArt објави нов сервис со кој можете да си го креирате вашето портфолио и да добиете уникатна адреса за истото. Покрај основното споделување и објавување на слики сега devArt со Portfolio овозможува на уметниците да си ги објават делата во едноставно дизајнирано онлајн портфолио кои истото можат да го презентираат на сите.

„Сервисот им служи на уметниците така што се концентрира комплетно на презентирањето на делата бидејќи уметноста зборува сама за себе; и истовремено, им служи на посетители така што има отворена, лесна и ефикасна навигација.“ deviantArt го објаснуваат дизајнот на Portfolio.

(За тие што не се запознаени со deviantArt, можете да прочитате нешто повеќе тука. )

Portfolio доаѓа во две верзии, бесплатна и премиум. Бесплатниот пристап до сервисот нуди 4 галерии со по 18 слики, дополнителен простор за закачување слики, уникатен домен(УРЛ адреса) со .daportfolio.com наставката… Премиумот чини 30 долари годишно и нуди нешто повеќе, како уникатен домен со ваше име, неограничен хостинг на слики и галерии. Со премиум се дозволува и вашето лого за брендирање. Интересно е што DevArt ги изоставува рекламите, така да вашето портфолио е „ваш сајт“ без реклами, без логоа на DevArt или реклами.

Еве неколку примери од кои можете да видите како изгледа Portfolio.

Доколку имате свое портфолио и сакате да го споделите објавете го во коментарите подолу.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии