Порното и официјално си доби свој .xxx домен

Една од причините за потреба од .xxx е што порнографијата се користи како замка за измами и ширење на малициозен софтвер. Затоа ICANN ќе го регулира .xxx доменот, односно ќе постои процес за аплицирање и одобрување на домен. Покрај измамите, со регулирањето ќе се блокира и детската порнографија.

Со креирање на .xxx домен постоеше страв дека се нарушува слободата на говор, дека се изолира сексуалната содржина на страна и со тоа постои полесна и поголема можност за целосно да се блокираат порно сајтовите со едноставно блокирање на .xxx доменот.

Но, ICANN нема да ги принудува сајтовите со сексуална содржина да користат .xxx домен, тоа останува волонтерска одлука, така да повеќето XXX сајтови ќе си го задржат и својот .com домен.

Се очекува продажбата на .xxx домените да започне летово.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии