Порно сајтовите ве следат, и можеби ви го знаат идентитетот

Само две пробивања се доволни за хаос во интернет порнографијата, вели софверскиот инжинер Брет Томас. Се што е потребно е злонамерна група или поединец да дојде до логовите од само еден од сајтовите кои го препознаваат името на корисникот, пример преку Facebook, и логовите од некој од порно сајтовите. Ова не е шега ако се знае колкава е популарноста на порното на Интернет.

Порно сајтовите прибираат доволно кориснички податоци кои ги испраќаат до трети страни, пример за реклами како што прави Facebook, што може да помогне да се идентификува корисникот. Можеби пострашно, дел од сајтовите во своите листи го чуваат URL-то на страните кои ги посетиле корисниците и тоа не кусото URL туку, долгото и дескриптивно, кое остава малку на фантазијата на „читателот“ на податоците. Поради ова можеби со право се става знак прашалник врз безбедноста на онлајн порнографијата.

Како е ова можно? Прелистувачите при посета на страните оставаат отпечаток, дури и доколку „supercookies“ се исклучени и во Incognito мод. Спојувањето на отпечатоци од еден сајт со отпечатоци од друг сајт овозможува спојување на поголем број податоци за корисниците. Конечно, дел од најпосетуваните веб-сајтови испраќаат стрингови како http://www.pornsite.com/view/embarrassing-form-of-exotic-pornography-here…, вели Motherboard.

Од популарниот порно сајт Pornhub велат дека ова е нереално бидејќи би им бил потребен премногу голем простор, според нивните процени, 3.600 терабајти, што пребарувањето по овие податоци ќе го направи непрактично. „Логовите на Pornhub ја содржат единствено IP адресата на корисниците и user agent кус период, не ги чуваме отпечатоците на прелистувачите“, велат од сајтот.

Дел од експертите сметаат дека објавувањето на корисниците и што гледале на сајтовите за возрасни е неверојатно сценарио. Далеку поверојатно е дека нема да ги објават овие податоци бидејќи истовремено би обелодениле и кражба на броеви на кредитни картички кои сепак сакаат да ги продаат. Сепак неодама дознавме дека американската NSA на овој начин дознава за навиките на исламистите, а безбедносниот експерт Џастин Беркман смета дека ова е еден од начините на кој се пронаоѓаат педофилите. „Верувам дека на овој начин владите пронаоѓаат дел од луѓето кои разгледуваат и дистрибуираат детска порнографија“, вели тој за Motherboard.

Иако тешко дека некој би ги објавил овие податоци за финансиска корист, сепак прво што паѓа на памет е уцена на корисниците. Веќе неколку пати сме биле сведоци на што се подготвени криминалците ако имаат доволно приватни информации против корисниците. За жал станува збор за посериознен проблем, бидејќи во дел од државите низ светот одредена сексуалната определба е казниво дело, а да не ги спомнуваме екстремистите од Исламска држава. Поради ова веб сервисите кој нудат порнографски содржини ќе мора да бидат попретпазливи кога се во прашање податоците на корисниците.

1 коментар на “Порно сајтовите ве следат, и можеби ви го знаат идентитетот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии