Без сомневање, порно индустријата ќе ја пробие виртуелната реалност

Нема сомневање дека порно индустријата често е иноватор кога се работи за пренесување на експлицитна содржина. Оваа индустрија беше прва која профитираше од брзиот интернет и можност да се гледаат куп видеа, и ќе биде првата која ќе ја искористи виртуелноста реалност. Дека фантазиите во виртуелната реалност нема да бидат повеќе исти со сегашните, покажуваат неколку компании помеѓу кои и јапонската компанија Tenga која започна со изработка на виртуелни „играчки“ кои исполнуваат сексуални желби. Знаете какви, имате сигурно бујна фантазија.

Тоа што десегашните холивудски филмови не успеаа да го пренесат (сите филмови, и порното) е чувството на присутност. Можеби филмската индустрија се продава како нешто што може да ви влезе во домот, но тоа е само маркетинг. Дури и мајсторите како Питер Џексон и Џејмс Камерон во Господарот на Прстените или Аватар, имаа далеку потешка задача кога се обидуваа да го фокусираат гледачот во дадени сегменти. Но, со виртуелната реалност гледачот не е веќе гледач, туку учесник. Не треба да бидете гение да замислите ВР порно во кое пред вас имате девојки или дечки кои ви се достапни за претплата.

[youtube]hLqVxC6JWIM[/youtube]

Се чини дека вистинскиот проблем е сепак интимноста која би можеле да ја понудат овие уреди. „Без разлика на се тоа што ќе го пронајдеме во виртелната реалност е нешто што досега не е присутно во порнографијата: интимност. Уред кој ќе не направи присутни, феномен кој ќе настапи откако ќе се биде поправено: доцнењето при вртењето на главата, квалитетот на екранот и процесирањето кој треба да го измамат мозокот дека постоите во виртуелен простор…“, вели Wired.

Од Oculus, пионир во виртуелната реалност, велат дека VR порнографијата е далеку од можна во моментов и убедени се дека нема да им помогне во продажбата или прифаќањето на нивниот уред за виртеулна релност. Со оглед на статистиката за присутноста на порнографијата на Интернет, сепак не сме убедени во одговорот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии