Ова беше очекувано: PornHub стартува VR канал

Порно или видеоигри, која од двете индустрии ќе допринесе повеќе за популаризација на виртуелната реалност? Во моментов предност има популарниот порно сајт Pornhub, кој заедно со BaDoink VR, стартува нова категорија „порно за виртуелна реалност“. „Во Pornhub е наша должност да им обезбедиме на корисниците од целиот свет најсовремена технологија. Виртуелната реалност е следната фаза во светот на забавата за возрасни и ќе им овозможи на корисниците искуство како ниедно досега. Нашите корисници не само што ќе можат да ја гледаат содржината туку ќе бидат и протагонисти и ќе можат да имаат интеракција со омилените порно ѕвезди“, вели Кори Прајс од Pornhub.

Новата категорија ќе биде достапна потполно бесплатно, а за да ја прослават нејзината достапност, од Pornhub ќе раздадат 10.000 уреди. Сите кои нема да имаат среќа да освојат некој од овие уреди, технологијата на сајтот ќе биде достапна и со Google Cardboard, Samsung Gear VR, и Oculus Rift. Процените се дека до 2025 година светот на виртуелното порно ќе биде со вредност од милијарда долари, вели Techcrunch.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии