Pornhub и Snap најдобри на 1 април

Дејан Соколоски

во Вести

Секоја година најголем дел од техничките компании шеговито го одбележуваат 1 април. Секако ова се случи и оваа година, а најдобри шеги и досетки имаа Pornhub, Snap и Google.

Pornhub своите корисници ги распамети откако им порача дека отсега нема потреба да ги споделуваат видеата со пријателите. Сѐ тоа е автоматизирано и пријателите веќе знаат кои видеа ги гледате на друштвените мрежи. Секако ова не беше пријатно за корисниците кои можеби заборавија која дата е. Па, по притискање на линкот „WTF reverse this now!“ корисниците можеа да се насмеат.

За Snap немаше подобар начин за споделување на „празникот“ од тролање на конкуренцијата. Ова вообичаено е тешко да биде успешно, но се чини дека со филтерот Snap успеa.

Конечно Google за 1 Април на Google Maps овозможи играње на Ms. Pac-Man на мапите. Ова не е прв пат Google да ги користи мапите, а сè започна со Pokemon.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии