И Pornhub се приклучи на протестот за поддршка интернет неутралноста

Pornhub ќе им покаже на своите корисници како би можела нивната услуга да изгледа во иднина, доколку помине предлогот за укинување на неутралноста. Со ова Pornhub ќе им се приклучи на Amazon, Kickstarter и Reddit.

Сервисот има над 75 милиони корисници секој ден и сите на 12 јули ќе имаат можност да видат како изгледа алтернативата. Ова е пет дена пред гласањето во Федералната комисија за комуникација. Pornhub ќе воведе икона „се вчитува“ која ќе ги забави содржините, јави Motherboard.

„Никој во порно индустријата не вика побавно, побавно, побавно. Во Pornhub навикнати сме на побрзо побрзо побрзо. Сакаме вака и да продолжи“, вели Кори Прајс, заменик директор на Pornhub.

Новите протести доаѓаат откако новата администрација и претседателот на FCC, Аџит Пал, најавија дека ќе ја променат претходната одлуката. Адимистрацијата на Барак Обама со промени во законот овозможи посилна заштита на интернет неутралноста. Претходно за да може да биде под FCC, интернет беше прогласен за комунална услуга. Токму ова треба да биде променето со најавената промена.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии