Поранешниот директор на Microsoft, Стив Балмер, ги купува LA Clippers за 2 милијарди долари

Дејан Соколоски

во Свет

Од следната сезона на натпреварите помеѓу Portland Trail Blazers и Los Angeles Clippers ќе наликуваат на средба на врвот на Microsoft. Претходниот директор на компанијата Стив Балмер понуди 2 милијарди долари за клубот од Лос Анѓелес, а Пол Ален, ко-основач на Microsoft, од поодамна е сопственик на Портланд. Сумата од 2 милијарди за Клиперси е преголема со оглед дека првата проценка е дека тимот чини околу 700 милиони долари, токму ова преплаќање од страна на г. Балмер покажува дека за него поседувањето на клубот е повеќе хоби и занимација отколку паметена бизнис одлука.

„Обожавам кошарка. Имам намера да направам се што можам за клиперс да продолжат да победуваат — и тоа да победуваат на големо — тука во Лос Анѓелес“.

Ова не е прв обид на г. Балмер да влезе во лигата претходон сакаше да ги купи Sacramento Kings и да ги префрли во Сиетл. Сепак овој пат нема да стане збор за префрлање на клубот од Лос Анѓелес. Со купувањето Стив Балмер ќе стане најбогатиот сопственик на клуб, вреди 20 милијарди долари, во NBA надминувајќи го Пол Ален, (16 милијарди долари). Покрај г. Балмер за клубот беше заинтересирана и Geffen Group чии членови се Опра Винфри, Лери Ален од Oracle, Лорин Џобс и ко-основачот на Beats, Џими Ајовин.

Продажбата на Клиперс е ненадејна откако преходниот сопственик Доналд Стерлинг го изгуби правото за било какво учество во NBA поради расизам. Г. Стерлинг се уште се жали поради продажбата и најави тужба против лигата од милијарда долари, причина за жалбата е поради тоа што продажбата е извршена прогласувајќи го за ментално неспособен. Стерлинг ги купи Клиперс во 1981 за 12,5 милиони долари, а само од продажбата ќе треба да плати данок на добивка од 662 милиони долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии