Поранешни инженери на Apple креираа „Nest за автомобили“

Брајсон Гарднер, Џосеп Фишер и Брајан Сендер се поранешни инженери на Apple кои ја напуштија компанијата за да креатори паметен ретровизор и аларм, кој Recode го нарече „Nest за автомобили“.

Иако технологијата денес овозможува ретровизорот и останатите куп делови да имаат современи сензори, и да го направат возењето да биде побезбедно и поедноставно, ретко која компанија посериозно работи на ова. Причината е што производителите на автомобили не се премногу храбри кога технолошките новитетите се во прашање. Ова го користи Tesla и помалите производители кои со своите надградби се интересни за корисниците, иако и не се премногу застапени на пазарот на автомобили.

Четворицата поранешни инженери на Apple ја креираа PearlAuto, компанија со 70 вработени од кои 50 се поранешни колеги од Apple. Нивниот прв производ RearVision е уред кој е составен од камера поставена на задниот дел на автомобилот и систем за известување кој ги следи движењата на автомобилот и објектите во близина. Сите податоци од уредот се испраќаат директно на телефонот на корисникот. Инсталирањето на системот е едноставно како поставување на дополнителна рамка на задните регистарски таблички.

„Не сакавме да започнеме со производ за кој ќе моравме да ги убедуваме корисниците дека им е потребен. Намерно започнавме со нешто што купувачите веќе ги бараат“, вели г. Гарднер.

Тие не се единствената компанија која работи на ретровизор-камера, а не се ниту најевтиниот уред на пазарот. Сепак системот на Pearl без сомневање е наједноставен за инсталирање. Цената на уредот е 500 долари, а од Pearl се надева дека ќе успее да убеди што е можно поголем број на возачи да го инсталираат. Изненадувачки дури едно од четири возила имаат паметни ретровизори!

1 коментар на “Поранешни инженери на Apple креираа „Nest за автомобили“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии