Поранешната директорка на Google, Мариса Маер, сега ќе го води Yahoo!

Yahoo официјално ја најави Мариса Маер како своја нова извршна директорка. Г-ѓа. Маер ќе треба да го „оживее“ фокусот на иновации и да ги зголеми приходите на компанијата која веќе некое време се мачи да ја постави стратегијата – дали се медиумска компанија која дистрибуира содржина или се интернет пребарувач кој нуди и други сервиси како имејл?

Мариса Маер, 37, беше 20-тиот вработен во Google и беше први женски инжинер, таа е специјализирана во вештачка интелигенција на Станфорд универзитот. Од 1999-та година од кога е во компанијата водеше над 100 продукти меѓу кои пребарување со слики, тулбари, iGoogle, Google News и Gmail, а неодамна беше задолжена за мапи и локација.

Поради нејзиното влијание во Google и блискоста со основачите, многумина се зачудија што таа ја менува компанијата, но се чини дека местото на извршен директор беше тешко да се одбие. Но, сега пред себе има тешка задача. Yahoo се мачи да биде конкурент во пребарувањето поради Google и Bing, и се мачи да биде влијателен медиум поради Facebook, иако во САД сè уште има огромна публика и забележува неверојатни приходи од визуелни реклами.

Според новиот CEO, Yahoo сега ќе се посвети на своите најјаки продукти – мејлот, финансиите и спортот. Всушност, веб технологијата е нешто што г-ѓа. Маер го знае, но ќе се потрудат да понудат и подобри услуги со видео стримањето и мобилниот бизнис.

„Има интересна дебата што се случува околу Yahoo за технологијата и медиумска содржина, и тоа нема многу смисла за мене бидејќи ако ги погледнете најголемите ИТ компании, медиумската содржина е голем дел од нивниот бизнис.“, вели таа.

Интересно, г-ѓа. Маер покрај вестите дека ќе го води Yahoo!, на својот Twitter профил објави и дека е трудна.

1 коментар на “Поранешната директорка на Google, Мариса Маер, сега ќе го води Yahoo!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии