Поради поплавите, Zello стана најкористена апликација на App Store

Апликацијата која го претвора телефонот во воки-токи, Zello, е новата најкористена апликација на App Store. Причината за ова е можностите кои ги има апликацијата во случај на непогода. Zello може да се користи за разговор по јавни канали и со тоа да се споделуваат важни податоци.

Пред налетот на ураганот Ирма на Флорида, апликацијата ја преземаа нови 6 милиони корисници. Во моментов Zello има над 100 милиони корисници. Поради зголемениот број на корисници развивачите мораа да додадат 18 сервери, јави BBC.

Апликацијата не само што овозможува гласовни пораки, туку овозможува и споделување на слики. Така, во период во кој поголем дел од жителите на Флорида немаа струја, Zello се користеше како главно средство за информирање.

Поради големиот број на корисници апликацијата овозможува и коoрдинација на спасувањето на луѓето кои имаат проблем. Професорката по новинарство Холи Хартман е своевиден херој. Благодарение на апликациијата таа успеа да кооридинира сопственици на бродови и луѓе кои поради поплавите беа во опасност. Кооридинацијата со помош на Zello помогна да се спасат луѓе кога итните служби беа презафатени.

„Глас по глас доаѓаше од мојот телефон во темнина, некои бараа помош, некои велеа дека се на пат да помогнат. Повик по повик од граѓани кои беа во стапица во своите домови и им беше потребно спасување со чамци“, вели Холи Хартман.