Поради огромното надополнување, Killing Floor 2 е бесплатна викендов!

Killing Floor 2, уникатната алтернатива на ко-оп шутерот Left4Dead 2, се поднови со исклучително корисно надополнување. Наречено Descent Content Pack, надополнувањето ги израдува фановите со парови од нови мапи и оружја.

Мапата Descent e изградена специјално за новиот Holdout sub-mode, режим на игра кој ги поставува играчите во зандани чиј распоред се генерира по случаен избор. Распоредот низ занданата се менува со секој бран од непријателско-настроените Zed суштества. Holdout модот поврзува многу соби една со друга, но на непредвидлив и различен начин секој пат кога играте. На овој начин, авторите сметаат дека се додава дополнителен слој од компликации и неизвесност, затоа што никогаш не знаете од каде ќе ве нападнат крвожедните суштества. Модот беше по прв пат откриен во средината на февруари и се промовираше како систем кој комбинира соби на динамичен начин и ве изненадува со непредвидлива локација секој пат кога ќе преминете од еден на друг спрат. Единствените непроменливи работи се почетната област и собата со босот.

Покрај оваа мапа, надополнувањето ја донесува и мапата Nuked. Мапата е направена од заедницата, а со неа се испорачуваат и две нови оружја. Револверот Spitfire, кој може да се користи во една рака или по еден во секоја рака, и Stoner – импресивно парче убиствен хардвер кој често разрешува одредени предизвици со огромна леснотија и сатисфакција.

Killing Floor 2: Descent Content Pack е бесплатно надополнување, а бидејќи авторите сакаат сите да го проверат, играта е целосно бесплатна за време на викендот, на Steam.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии