Поради лошиот дизајн Gizmodo изгуби милиони посетители

Gawker Media поседува неколку популарни блогови кои ги читаат милиони корисници. Пример, Gizmodo блогот за технологија и гаџети има сообраќај од меѓу 2 до 5 милиони посети месечно. Сакајќи да го зголемат сообраќајот, популарноста и влијанието, пред една недела, Gawker Media ги редизајнираа сите блоговите со еден чуден, невообичаен дизајн.

Сопственикот Ник Дентон, кој е апсолутно самоуверен во новиот дизајн и насоката каде се движи компанијата, се обложи во 1.000 долари дека до октомври 2011 ќе имаат 510 милиони посети во месецот.

За жал, новиот дизајн предизвика бура од поплаки на од читателите, штo резултираше со значително намалениот сообраќај од тогаш, како што може да се види од сликата погоре која е статистика од Sitemeter.

Главните промени кои ги внесоа е наместо да е полна домашната страница со мали исечоци од приказни која беше карактеристична за овие блогови, сега има една голема приказна која е најударна во денот. Многу од корисниците се налутија од оваа промена, затоа што го сметаат дека кратките исечоци се пофункционални. Некои од приказните се популарни, ама доволен е еден исечок за да се информираат читателите, и тоа што сега мораат да кликаат за да ги отворат како големи приказни и да ги бараат по посебниот дел, е многу голема негативна промена за нив. Исто така, и двојното лизгање, што значи засебно се лизгаат левиот и десниот дел, каде левиот зафаќа 2 третини од екранот и ја содржи големата приказна која е најпопуларна во денот, а десниот линкови и мали исечоци од други приказни, се покажа како екстремно демотивирачка и нефункционална. На пример, како корисник на лаптоп кој не користи глувче, не можам да го лизгам десниот дел.

really really hate the new @gizmodo design …. it’s not practical at all #gizmododesignless than a minute ago via web

Корисниците продолжуваат да ги напуштаат овие блогови. Од Gawker Media, откако ја увидоа својата грешка, вратија некои од поранешните функции, но враќањето на разочараната публика е во мал број. Иако се забележува мал пораст од најдолната точка на посети веднаш по промената на дизајнот, прашање е дали Gawker Media ќе можат некогаш да ја вратат популарноста како порано. Веќе не се работи за содржината, туку за изгледот и практичноста на сајтот.

Можеби г. Дентон сака да „спои телевизија, весници и блог во едно” и можеби неговата идеја е иновативна, но занемарувањето на желбите на верните читатеи во комплетното редизајнирање на нивниот сервис е неприфатливо. Останува само да видиме дали и покрај толку големиот негативен впечаток на корисниците и нивното масовно напуштање на сервисот, г. Дентон ќе ја истурка својата идеја до крај и ќе го добие облогот.

3 коментари на “Поради лошиот дизајн Gizmodo изгуби милиони посетители

  1. Знам, и пробав се ама несака. Нема само така да напишам :) Ама искрено јас често си имам проблеми со тач падот па може е само до мене. Тебе ти успева?

  2. @Тамара, зошто да не можеш да го "лизгаш" десниот дел на латоп ако не користиш глувче?
    Имаш најмалку два начини. Да ја позиционираш стрелката на десниот дел и ќе можеш да се движиш со стрелките на тастатурата или со скролање на тач падот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии