Поради јавни податоци на профили на малолетници Instagram е под истрага во Европа

Дејан Соколоски

во ИТ.ЕУ

Instagram е под истрага во Европа поради тоа што компанијата не успеала да ги заштити личните податоци на децата. Компанијата дозволила податоци на малолетници, како телефонски броеви и имејл адреси да бидат јавно достапни.

Доколку истрагата која ја води ирскиот Комесар за заштита на податоци покаже дека Facebook нема законска основа за обработка на податоци на малолетници казната може да биде огромна. Одлуките на ирскиот регулатор важат за цела територија на Европа. Дополнително во тек е и истрага во која се проверува дали Instagram ги исполнува законските обврски на GDPR. Официјално деца под 13 години не смеат да имаат профили на Instagram, но проверките се речиси непостоечки.

„Instagram е друштвена мрежа која е широко користена од деца во Ирска, и низ цела Европа. Комесарот за заштита на активно ги разгледува жалбите од ви оваа област и идентификувавме потенцијален проблем во начинот на кој се обработуваат податоците на децата“, вели заменик комесарот на Комисијата за приватност.

Секоја од двете казни би била значителна, и веројатно дополнително ќе придонесе за нарушување на имиџот на компанијата. Пред десетина дена Комисијата на конгресот на САД, објави дека најголемата друштвена мрежа ја злоупотребува својата позиција на пазарот.

Според процените над 60 милиони корисници на Instagram се малолетници помлади од 18 години, пренесе BBC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии