Поради баг Twitter ги чувал лозинките на корисниците во „plain text“

Дејан Соколоски

во Вести

Twitter ги повика своите корисници да ги променат своите лозинки. Од микро блогот објавија дека поради глич лозинките биле оставени во текст фајл и на интерната компјутерска мрежа, јави Reuters.

Twitter објави дека нема никаков податок за тоа дека некој дошол до лозинките, но сепак одлучи дека промената на лозинки е посигурна. Проблемот се појавил бидејќи интерните логови биле зачувувани пред да бидат хаширани лозинките, што овозможило истите да бидат небезбедно складирани.

„Неодамна пронајдовме баг кој овозможувал чување на некриптирани лозинки во логовите. Го поправивме пропустот и не најдовме некој показател дека се во раце на злонамерници или дека се злоупотребени од некој. Сепак, од претпазливост променете ја лозинката на сите места каде ја користите“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии