Populast – нов сајт за следење на вирални содржини на социјалните мрежи од тимот на Time.mk

Денес официјално беше пуштена во употреба новата страницата Populast.com, изработена од Игор Трајковски, креаторот на веќе добро познатиот агрегатор на вести Time.mk.

Populast ги следи популарните објави на друштвените мрежи Twitter и Facebook на над 200 светски медиуми како BBC, CNN, Guardian, Time, Bloomberg, Economist и многу други, како и истакнати личности како Доналд Трамп, Елон Маск и Барак Обама.

Популарноста на објавите се пресметува како зголемен интерес на читателите кон одредена објава, споредено со други објави од истиот медиум. Од таму доаѓа и името на сајтот, last popular news – populast.

Други можности кои ги нуди страната е да ги погледнете најпопуларните постови на одреден медиум во последните 24 часа, недела или месец.

MIT Tech Review во последните 24 часа

Дополнително, може да изберете кои медиуми највеќе ги следите и со дополнително филтрирање ќе добиете приказ само на содржини од медиумите кои ги преферирате. Профил може да си направите на следниот линк, со вашиот Facebook или Gmail акаунт.

Со оглед на промените кои ги најави Facebook, а и онака секојдневно сте преплавени со нерелевантни и лажни вести, Populast може да ви биде корисен сајт за добивање на актуелни информации од светот.

Што да очекуваме од Populast?

„Плановите во иднина ни се да направиме посебна специјализирана секција на Populast за одредена тема, пример вештачка интелигенција, или маркетинг, или име на некоја болест или што и да е. Да можат да се најдат постовите кои пројавиле голем интерес (likes, shares) споредено со други постови кои ги содржат истите клучни зборови. Исто така треба да се подобри начинот за кластерирање (гупирање на постови кои пишуваат за иста тема), кое засега работи доста конзервативно. Проблемот е потежок затоа што текстовите во самиот пост се многу кратки за да се применат истите техники за кластерирање кои ги користиме на Time.mk, каде го анализираме целиот текст на веста.“ – рече Игор.

Страницата сѐ уште се надградува, па може да предложите медиуми кои објавуваат на англиски јазик, да бидат додадени во системот со праќање емаил на следната адреса: [email protected]

1 коментар на “Populast – нов сајт за следење на вирални содржини на социјалните мрежи од тимот на Time.mk

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии