Популарниот сервис за нарачка на храна Foodpanda доаѓа во Србија и Хрватска

Еден од попопуларните европски сервиси за порачка на храна Foodpanda наскоро ќе го освојува регионот. Најпрво е предвиден влез во Србија и Хрватска, од каде ќе се прошири во остатокот на балканските држави, покрај Бугарија и Романија каде услугата е веќе достапна.

Foodpanda e дел од Rocker Internet, компанија која својот успех го темели на копирање на одлични идеи од западните држави и нивно имплементирање на пазарите каде што не се достапни, пред се држави во развој од Азија, Јужна Америка, но и во Европа. Компанијата е во постојана експанзија од своето креирање 2007 година, па во моментот има 25.000 вработени и годишни приходи од 3 милијарди евра.

Влегувањето на Rocker Internet на Балканот е пред се поради недостатокот од конкурентни понуди, па со самото влегување Rocker Internet би имал своевиден монопол, за почеток во разнесувањето храна, во иднина не се искучени останатите услуги, но засега инкубаторот е целосно посветен на Foodpanda, јавува Netokracija.

3 коментари на “Популарниот сервис за нарачка на храна Foodpanda доаѓа во Србија и Хрватска

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии