Популарниот месенџер WhatsApp објави редизајн за iOS 7

Апликацијата за четување, WhatsApp, која има околу 350 милиони корисници, ја дочека долго најавуваната надградба за iOS 7. Дизајнот на надградената апликација сега подобро се вклопува во новиот минималистички дизајн на iOS, а надградена е опцијата за разговор со повеќе луѓе со воведување на broadcast-листа, олеснето е користењето на функцијата за блокирање на контакти, а споделувањето на локации е надградено со 3Д-мапа и пребарување од апликацијата.

WhatsApp овозможува испраќање на текстуални пораки помеѓу корисниците кои ја користат апликацијата кога се приклучени на 3G или WiFI мрежа. Корисниците можат да испраќаат и фотографии, видеа или аудио пораки. Првата година апликацијата е бесплатна, а потоа чини еден долар годишно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии