Популарниот Adware Doctor ги испраќа податоците на корисниците во Кина

Најверојатно сите корисници кога преземаат апликации од официјалните канали очекуваат поголема безбедност. Ова секако е случај со корисниците на Apple компјутери и мантрата Mac е побезбеден од PC.

За жал, оваа недела повторно дознаваме дека нема потполно безбеден систем. Adware Doctor e популарна апликација достапна на Mac App Store. Станува збор за апликација која треба да овозможи останување на екстензии, колачиња и чистење на кеш за „ревитализирање“ на прелистувачот.

Лоша вест е дека апликацијата ги праќа сите податоци на девелоперот во Кина. Дел од податоците кои ги добива девелоперот е историјата на прелистување. Adware Doctor е дел од апликациите кои најдобро заработуваат на App Store. Апликацијата е на 4 место по заработка, што ја носи и на страницата на Apple, во која компанијата препорачува апликации, вели безбедносниот експерт Патрик Вардл. Дека станува збор за проблематична апликација покажува и името на девелоперот Јонгминг Жанг, кое е име и на кинески сериски убиец.

Можеби полошо од ова е што софтверот остана во продавницата иако безбедносни експерти го пријавија. Apple конечно ја отстрани апликацијата откако медиумите започнаа да пишуваат, но апликацијата беше пријавена претходно.

Ако од некоја причина веќе сте ја инсталирале апликацијата веднаш избришете ја.