Популарни Facebook страни имаат 1 клик на линк на 1.000 фанови

Компанијата за аналитика EdgeRank Checker направи истражување за тоа колку Facebook корисници всушност кликаат на линковите постнати од страниците кои тие ги имаат „лајкнато“.

EdgeRank Checker дојде до заклучок дека кликањето на линкови постнати од Facebook страници со над 100.000 фанови е 0,14 отсто, или еден клик на 715 импресии. Страниците всушност добиваат 0,00093 клика од фан, или еден еден клик oд 1.000 фанови. Податоците на EdgeRak Checker се базираат на 84.000 споделени линкови во октомври од над 5.500 Facebook страници

EdgeRank Checker овие резултати ги има добиено преку опцијата за следење на кликовите на споделените линкови, која беше беше претставена од страна на Facebook дури во октомври. Според Webtrends, линковите споделени од Facebook страници се три пати повеќе кликани отколку страничните Facebook реклами, кои имаат 0,05 отсто кликови, додека онлајн рекламите на веб сајтовите имаат 0,1 отсто кликови.

Facebook страниците со помалку фанови имаат повеќе кликови на споеделните линкови. Па така, сите страници со нешто над 1000 фанови, имаат 0,35 кликови, еден клик на 280 импресии, 0,000236 кликови од фан, еден клик од 424 фанови.

(via >TechCrunch

2 коментари на “Популарни Facebook страни имаат 1 клик на линк на 1.000 фанови

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии