Популарната видеоигра Among Us игралиште за хакери

Супер популарната друштвена видеоигра која може да ја играте со пријателите Among Us доаѓа со повеќе безбедносни пропусти. Благодарение на овие пропусти играчите може да мамат, да извршуваат акции кои не би можеле според правилата, па дурии да користат предмети од продавницата.

Безбедносниот експерт Џејмс Себри започна да го истражува кодот на играта за да го зголеми бројот на играчи. Наместо ова откри пропусти кои овозможуваат: телепортирање; минување низ ѕидови; да може да убијат играчи надвор од правилата на играта; да се преправи во друг играч; да контролира други играчи…

Among Us не е нова игра, но пандемијата и потребата од социјализација ја популаризираа. Благодарение на платформите за стримање играта популарноста на Among Us порасна значително. На лудницата не и одолеаја ниту македонските јутубери.

Најголемите проблеми безбедносни проблеми се поради недостатокот на валидација на податоците кои стигаат до серверите. Поради ова некој играч што игра со „играчот 2“ може да праќа податоци како да игра со „играчот 1“.

Дел од проблемите се и разбирливи. Платформи како Unreal Engine и Unity им овозможуваат на многу мали тимови да креираат видеоигри. На пример Innersloth развивачите на Among Us имаат наведено тројца вработени, па дел од овие безбедносни пропусти веројатно и се очекувани.

Добра вест е дека сите пропусти се исклучиво поврзани со играта. Напаѓачот не може да дојде до пристап до фајловите на компјутерот или да преземе контрола врз машината.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии